Почетна ЕкономијаБомба експлодираше пред канцелариите на Hellenic Train во Атина

Бомба експлодираше пред канцелариите на Hellenic Train во Атина

од nenad
1 минути читај за

Вечерва, бомба детонираше пред зградата во која се сместени канцелариите на грчката фирма Hellenic Train, лоцирана во срцето на Атина. Според дописничката на МИА од Атина, на експлозијата ѝ претходеа две предупредувачки јавувања во медиумите.

Неидентификувано лице телефонирало во новинскиот сајт „Зугла“ и во весникот „Ефимерида тон синдактон“, давајќи временски рок од 35 до 40 минути и нагласувајќи дека „не станува збор за фарса“.

По телефонските пораки, полициските сили ја евакуираа областа и го блокираа булеварот пред зградата. За среќа, во експлозијата немаше жртви.

Неофицијални извори наведуваат дека бомбата била оставена во торба, а засега нема информации за тоа кој е одговорен за експлозивниот уред.