Данијел Алибабиќ откри детали од приватниот живот на познатиот пар – „Секогаш беше непријатно кога имаше друг маж во друштво“
Разводот на Харис и Мелина Џиновиќ по 22 години брак ги потресе јавноста, особено откако почнаа да кружат шпекулации за наводна прељуба. Сега, пејачот Данијел Алибабиќ, долгогодишен семеен пријател, откри детали за атмосферата во бракот на популарниот пар пред распадот.
Мене ми е навистина тешко да зборувам на оваа тема. Мојата сопруга е многу блиска со Мелина, а нејзиниот татко со Харис“ – рече Алибабиќ, но сепак додаде:
„Ќе кажам само едно клучно нешто… Сведок сум дека на Мелина ѝ беше секогаш непријатно кога седеше во друштво каде што имаше мажи – од почит кон својот сопруг. Кој сака, ќе разбере“ – заврши таинствено пејачот.
Поврзани објави
И додека Мелина сега живее во Монте Карло и споделува само позитивни вести од новиот живот, Харис, според медиумите, сè уште не ја преболел разделбата – приватно ја нарекува „почината“.
Дали вистината за нивниот брак конечно излегува на површина или ова е само уште едно продолжение од приказната што јавноста не сака да ја заборави?
printskrin Youtube-blic