Поранешната блискост се распадна – Карлеуша ги избриша сите контакти по потегот на сестрата на Милица
Пејачката Јелена Карлеуша стави крај на секој контакт со колешката Милица Павловиќ, откако нејзината сестра на социјалните мрежи неодамна сподели петиција со која се бараше гасење на Инстаграм профилот на Карлеуша. Веста одекна како бомба, особено поради фактот што Јелена долго време ја поддржуваше Милица, и професионално и приватно.
Покрај заедничките настапи и дуетот, двете пејачки важеле за блиски пријателки – се дружеле приватно и си биле гости на родендени. Но, наводната „предавничка постапка“ на Милица ја натера Карлеуша да ја отследи од сите социјални мрежи.
Иако ветила дека нема да зборува јавно за конфликтот, Јелена неодамна повторно ја објави нивната заедничка песна на Фејсбук со опис „Кога ќе се погледнам“, што кај многумина го отвори прашањето дали можеби доаѓа до помирување.
Поврзани објави
Во меѓувреме, Карлеуша продолжува да работи на нов проект со Дамир Хандановиќ, а наскоро ќе ја објави новата верзија на песната „Едно ѓубре обично“.
printskrin Youtube-HYPE TV