Пејачката од „Гранд“ не ја криеше симпатијата кон легендарниот колега
На една неодамнешна прослава, познатиот пејач Харис Џиновиќ приреди вистински момент за паметење кога ѝ пријде на помладата колешка Наташа Алимпиќ и ѝ запеа на увце. Средбата помеѓу нив беше топла, а според сведоци, Наташа не остана рамнодушна на вниманието што ѝ го укажа џентлменот на естрадата.
Интересно е што токму неодамна Наташа во медиумите изјави дека Харис е „вистински господин“ и дека токму таков сопруг бара цел живот. Таа не го криеше воодушевувањето од моментот кога го запознала, велејќи дека тоа за неа е значајно животно искуство.
Тој потекнува од прекрасна академска фамилија и оставил длабок печат на нашата сцена. Чест е да се познава, а уште поголема чест би била да се има таков маж“ – изјави Наташа.
Поврзани објави
Харис, пак, со насмевка ги прифати убавите зборови од колешката и не ги криеше симпатиите, што само го подгреа интересот на јавноста – дали тука се раѓа нова естрадна романса или станува збор за искрена професионална почит?
Сепак, времето ќе покаже.
printskrin Youtube-HYPE TV