Каќа Лазиќ откри детали за односите со Ана Севиќ и Марина Гајиќ
Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, ја отвори душата и проговори за односите што ги има со поранешните партнерки на нејзиниот сопруг – Ана Севиќ и Марина Гајиќ.
По свадбата на Дарко и Каќа, јавноста беше изненадена од присуството на Ана Севиќ, првата сопруга на пејачот, со која има ќерка Лорена. Иако многумина очекуваа дистанца, нивната коректна комуникација ја потврди приказната дека меѓу нив повеќе нема недоразбирања.
Од друга страна, Марина Гајиќ – мајката на синот на Дарко, Алексеј – не присуствуваше на свадбата и покрај тоа што била поканета.
Поврзани објави
Сепак, Катарина смирува тензиите и вели дека сè е во најдобар ред.
Мислам дека до сега е јасно на сите дека ги почитувам и дека се согласувам со мајките на децата на Дарко. Тоа е нормално и нема потреба да се прави голема врева околу тоа“ – изјави Каќа.
Инаку, Дарко Лазиќ неодамна прозборе и за својата борба со пороците, откривајќи дека редовно прима терапија со блокатори.
printskrin Youtube-AmiG Show