Почетна Убавина и здравјеMatcha Tea Ultra Firming Cream и Matcha Infusion од „Мартимекс“ – Убавина и здравје

Matcha Tea Ultra Firming Cream и Matcha Infusion од „Мартимекс“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овoј и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.

„Мартимекс“ подарува два сојузници за перфектен лифтинг-ефект Matcha Tea Ultra Firming Cream и Matcha Infusion.

Користете го кремот за лице Matcha Tea Ultra Firming секој ден бидејќи е основа за нега на кожата, која не може да изостане од ниедна рутина за убавина, без разлика на типот и потребите на вашата кожа.

Ултразацврстувачкиот крем за лице Teaology Matcha Tea ги подобрува природните функции на кожата, помага во одржување на рамнотежата и хидратацијата на кожата и придонесува за севкупен поздрав изглед.

Карактеристики: ја враќа силата на кожата и ја одржува цврста, го изедначува тонот на кожата, додава свежина и сјај на вашата кожа, длабоко ја навлажнува и длабински ја храни.

Упатство за употреба: Нанесете го на чиста кожа и масирајте со кружни движења. Користете го секое утро и/или вечер.

Matcha Infusion e uлтразацврстувачки серум со лифтинг-ефект, кој претставува инфузија од мача-чај, хијалорна киселина и acmella oleracea.

Станува збор за концентрирана формула, исполнета со антиоксидативната моќ на мача-чајот, хидратантната и обновлива молекуларна хијалуронска киселина и инстант-ефектот на подигнување на екстрактот од acmella oleracea.


Поврзани објави

Овој лесен серум е дизајниран да го подобри тонот на кожата, да го осветли тенот, да ги измазнува брчките и да ги елиминира знаците на стрес и замор.

Веќе по првото нанесување, брчките и знаците на стареење се видливо намалени, кожата е помазна, поцврста и посјајна.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да нè следите на Фејсбук и на Инстаграм @ubavinaizdravje.mk, да оставите ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта. Исто така, важно е да напоменеме дека учесниците во лавината од подароци мора да бидат полнолетни лица!

Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР