Почетна ЕкономијаТројца кавадарчани ќе одговараат, преку социјална мрежа му се заканувале на шефот на полицијата

Тројца кавадарчани ќе одговараат, преку социјална мрежа му се заканувале на шефот на полицијата

од nenad
1 минути читај за

Тројца жители на Кавадарци ќе одговараат за две кривични дела откако во објава на социјална мрежа му се заканувале на полициски началник од градот, соопшти МВР.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Ј.(32), З.П.(36) и Т.П.(34), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.02.2025, првопријавениот преку социјална мрежа упатил закани на началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци, а со коментари се приклучиле и второ и третопријавениот“, пишува во полициското соопштение.