Почетна ЕкономијаИнститутот за македонски јазик одбележа 80 години од раѓањето на д-р Зденка Рибарова

Институтот за македонски јазик одбележа 80 години од раѓањето на д-р Зденка Рибарова

од nenad
0 минути читај за

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денес организира прослава по повод 80-годишнината од раѓањето на д-р Зденка Рибарова.

Според информацијата од Институтот, свеченоста ќе започне со поздравен говор на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, а потоа проф. д-р Лилјана Макаријоска ќе се „осликне кон придонесот на д-р Зденка Рибарова во проучувањето и афирмацијата на македонското ракописно наследство“.

Ќе бидат претставени и две публикации – „Кратовско евангелие“, кое ќе го презентира проф. д-р Емилија Црвенковска, и „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“, кој ќе го промовира проф. д-р Веселинка Лаброска.

Извор: МИА