Пролетта е вистинското време за да го освежите вашиот стил – зошто да не започнете со овие совршени комбинации на бои?
Во модниот свет, пролетта носи желба за промена и освежување на гардеробата. Додека некои луѓе чувствуваат наплив на енергија уште на почеток на март, други го доживуваат својот емотивен набој во април и мај. Во секој случај, едно е сигурно: пролетните денови нè инспирираат да се изразиме преку стилот и бојата. Зошто да не ја искористите оваа можност да го усовршите вашиот изглед?
Беж и црна
Оваа комбинација претставува сигурен класик што дава доза на тивок луксуз. Спојот на беж и црна боја е безвременски. Со оваа палета на бои лесно можете да креирате елегантни комбинации. Одберете кафен капут со дупло закопчување во комбинација со темен фустан или обична ролка со панталони и пелерина во нијанса на златен песок. Во ваква комбинација, нема да поминете незабележано!
Додатоците се клучни! Не заборавајте на златниот накит, квалитетната бижутерија и спектакуларните детали. Масивните обетки, светлата чанта или чизмите со крокодилски дезен совршено ќе го надополнат вашиот изглед.
Поврзани објави
Сина и зелена
Оваа комбинација е совршениот избор за сите што претпочитаат богати бои и позитивни емоции. Спојот на сина и зелена даваат кралски шик и префинетост. Тешко е да се најде подобар начин за да се изрази висок социјален статус и луксузен стил на живот.
Деловните дами одбираат индиго костим во комбинација со блуза во нијанса на нане. Романтичарките, пак, го обожаваат дуетот на кобалтен пролетен фустан и тиркизно сако.
А во комбинезон од жад и со сандали во боја на аквамарин, несомнено ќе зрачите со самодоверба, без разлика дали одите на забава или на состанок.