Почетна ЕкономијаСрбија до крајот на неделата добива 111 милиони евра од ЕУ за Планот за раст на Западен Балкан

Србија до крајот на неделата добива 111 милиони евра од ЕУ за Планот за раст на Западен Балкан

од nenad
1 минути читај за

Србија ќе добие исплата од 111 милиони евра од ЕУ до крајот на седмицата, преку Планот за раст за Западен Балкан, како резултат на спроведените реформи, пренесе дописникот на МИА од Белград.

Ова денес го објави заменик-претседателката на Националното собрание на Србија и претседателка на Комисијата за евроинтеграции, Елвира Ковач.

“Од овие 111 милиони евра, 40 милиони се неповратни средства”, изјави таа.

Ковач додаде дека оваа сума претставува само седум проценти од вкупните финансиски средства предвидени за секој корисник во регионот до 2027 година. Таа истакна дека новата српска Влада ќе биде конституирана до крајниот рок – 18 април.

зш/фото МИА .

Извор: МИА