Доколку обожавате слатко, но не сакате да поминувате многу време во кујна, овој рецепт е идеален за вас
Ви предлагаме домашен десерт со сладок и кремлив фил на база на шлаг. За приготвување на овој десерт нема да ви требаат повеќе од 20 минути, а неговиот вкус е божествен и совршен за пролетните денови.
Состојки:
- 350 мл вода
- 150 г бисквити
- 500 мл слатка павлака за шлаг
- 100 г шеќер во прав
- 500 г сирење маскарпоне
- 150 г бело чоколадо
- 150 г чоколаден крем
- 20 г млечно чоколадо
Приготвување:
Сипете вода во чинија, па кратко потопувајте ги бисквитите и редете ги на днот на калап. Потоа, во друг сад ставете слатка павлака и матете, па додајте шеќер во прав и матете додека се згусне и добиете шлаг.
Додајте сирење маскарпоне и продолжете да матите со миксер, па поделете ја смесата на два дела. Во првиот дел сипете стопено бело чоколадо, па убаво промешајте, а потоа, нанесете половина од смесата врз наредените бисквитите и убаво израмнете со шпатула.
Поврзани објави
Ставете уште еден ред бисквити потопени во вода.
Потоа, во другиот дел од шлагот, ставете чоколаден крем и промешајте за да се соедини убаво. Нанесете половина од смесата врз вториот ред бисквити и израмнете, па повторно наредете бисквити потопени во вода.
Потоа, намачкајте дел од смесата со шлаг и чоколаден крем и наредете уште еден ред бисквити, па нанесете го преостанатиот дел од смесата и одозгора изрендајте млечно чоколадо.
Ставете го колачот во фрижидер два часа, да се стегне.
Во продолжение погледнете ги деталните упатства за приготвување на овој вкусен десерт….