Почетна Убавина и здравјеТрае 8 часа, а ги симнува килограмите со молскавична брзина – Убавина и здравје

Трае 8 часа, а ги симнува килограмите со молскавична брзина – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Сè е дозволено од храна

Постојат некои правила што неопходно е да ги почитувате за да постигнете видливи резултати. Најпрво, неопходно е да јадеме само 8 часа во денот, а преостанатите 16 часа дозволено е да пиете само вода или растителни чаеви. Дозволена е и незасладена лимонада во тој период.

Експертите советуваат тие 8 часа да бидат во периодот од 9 до 17 часот, доколку е возможно, бидејќи испитувањата покажуваат дека тогаш резултатите се најдобри.


Поврзани објави

Но сите знаеме дека урбаниот начин на живот речиси и да не дозволува исхрана во овој период, земајќи го предвид фактот што работното време е токму од 9 до 17 часот. Па затоа, дозволени се отстапки. Оптималното време е од 8 наутро до 19 часот. Можете да јадете во тој период, но само 8 часа во текот на денот. Интересно е што тие осум часа не мораат да бидат во истиот период секој ден.

На пример, во работни денови, може да јадете во периодот од 8 до 16 часот, а за викенд од 11 до 19 часот. Но најважно е потоа да не внесувате ништо освен дозволените течности. И не заборавајте дека помеѓу главните оброци мора има растојание од четири часа.

Сигурни сме дека менито особено ќе ве воодушеви. Правилото е едноставно: сè е дозволено. Менито навистина ги вклучува сите намирници, но само доколку ги јадете во одредено време. Иако дозволени се сите намирници, добро е да бидете внимателни и да внесувате што поздрава храна.