Последиците од страшниот пожар во Кочани продолжуваат да се чувствуваат.
Седумнаесет од вкупно 30 повредени лица, кои моментално се лекуваат во Белград, се хоспитализирани во критична состојба. Катастрофалните повреди, предизвикани од ужасниот пожар, продолжуваат да ги потресуваат докторите и медицинскиот персонал во Србија.
Двајца од пациентите се ставени на механичка вентилација, што ја потврдува страшната состојба во која се наоѓаат, додека двајца други веќе биле оперирани.
Како што соопштува директорот на Клиниката за пластична хирургија и реконструкција, Милан Стојичиќ, постоперативниот тек за нив е стабилен, но голем дел од пациентите се во животна опасност, а некои сè уште се во неизвесност.
Очекувањата се дека следната недела, нови пет-шест пациенти ќе бидат оперирани. Операциите се пресудни за нивниот опстанок.
Се работи за млади луѓе. Најмладиот пациент има само 17 години, а поголемиот дел од нив се на возраст од 20-тина години. Единствениот пациент над 30 години има само 35 години“, истакнува Стојичиќ, кој не крие дека тешкото настрадување на овие млади луѓе оставило длабока трага врз медицинскиот тим.
Поврзани објави
Шокот на хирурзите не запира тука! Стојичиќ објаснува дека операциите на изгорениците се исклучително комплицирани и вклучуваат отстранување на мртво ткиво од кожата и трансплантација на сопствена кожа од други делови од телото. Ова е една од најчувствителните операции, но, за среќа, засега нема потреба од донатори на кожа, бидејќи има доволно сè што е потребно за лекување.
Текот на лекувањето е неизвесен, и, како што предупредува Стојичиќ, инфекциите се најголемата опасност во овие критични моменти.
Пациентите кои се на механичка вентилација се во исклучително тешка состојба, иако и останатите не се изземени од ризикот. Состојбата на сите е под постојан надзор, бидејќи лекувањето може да ги доведе до истата критична точка“, додава директорот.
Борбата за живот на овие млади луѓе е далеку од завршена. Одделенијата за интензивна нега остануваат под надзор, а на медицинскиот персонал му претстои уште долга патека во лекувањето и спасувањето на нивните животи. Меѓу нив, храбро се борат и неколку пациенти кои ќе бидат префрлени на одделенија за посложен третман, откако ќе се подобри нивната респираторна функција. Но, додека се приближува надежта, опасноста за живот останува.
Сите очи се насочени кон Белград и нивниот мачен напор да спасат животи и да излезат од оваа катастрофа, која ги потресе и соседните народи.