Почетна Убавина и здравјеЦитати што ќе ги разберат само оние кои имаат изгубено некого – Убавина и здравје

Цитати што ќе ги разберат само оние кои имаат изгубено некого – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви споделуваме неколку цитати во кои барем малку ќе се пронајде секој што се соочил со загуба на близок

Оние што во својот живот имаат изгубено некој што го сакаат, знаат дека интензитетот на болката не може да се спореди со ништо друго на светот.  Секој, во зависност од карактерот на личноста, животното искуство или пак вербата, различно се справува со тагата. Како и да е, по загубата, секому му е потребно време за да се приспособи и да се опорави.

Во продолжение, ви споделуваме неколку цитати во кои барем малку ќе се пронајде секој што се соочил со загуба на близок…

1. „Кога некој што го сакаш станува спомен, споменот станува богатство.“ – Непознат автор

2. „Ќе загубиш некој без кого не можеш да живееш и твоето срце ќе биде многу скршено. Лошата вест е што никогаш нема целосно да ја преболиш загубата на саканата личност. Но, ова истовремено е и добра вест. Така, таа ќе живее засекогаш во твоето скршено срце, кое никогаш нема сосема да заздрави. Но, ти ќе се справиш со тоа. Тоа е како да имаш скршена нога којашто никогаш не може целосно да заздрави – сѐ уште боли кога времето заладува, но ти учиш да танцуваш кривејќи.“ – Ен Ламот

3. „Тагата не може да се сподели. Секој ја носи сам. Негов товар, на негов начин.“ – Ен Мороу Линдберг


Поврзани објави

4. „Тагата е како река, сакам да кажам дека таа постојано се менува. Чудно е што го велам ова, бидејќи сум оптимист во душа, но јас би рекла дека на некој начин таа се влошува. Колку повеќе време поминува, толку повеќе ти недостига оној што си го загубил.“ – Мишел Вилијамс

5. „Кога тагата е најдлабока, зборовите се најмалку потребни.“ – Ен Воскамп

6. „Постојат работи што не сакаме да се случат, но мораме да ги прифатиме, работи што не сакаме да ги знаеме, но мораме да ги научиме и луѓе без коишто не можеме да живееме, но од кои мораме да се простиме.“ – Непознат автор

7. „Без разлика низ колку страдања си поминал, никогаш нема да сакаш да се откажеш од тие спомени.“ – Харуки Мураками

8. „Да мислам на тебе е лесно, го правам тоа секој ден. Но, недостигањето е болка што никогаш не поминува.“ – Непознат автор