Почетна Убавина и здравјеТрогателна објава на пејачката и претприемачка Ева Нединковска – Убавина и здравје

Трогателна објава на пејачката и претприемачка Ева Нединковска – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Таа појасни дека во овој ужасно болен период, парадоксално, таа забележала поголема човечност и љубезност кај луѓето

Во морето тажни и гневни објави, убаво е да се прочита и по некој текст што буди надеж за подобро утре. Таква е објавата на пејачката и претприемачка Ева Нединковска, која сподели како се чувствувала додека пазарела во маркет.

Имено, таа појасни дека во овој ужасно болен период, парадоксално, таа забележала поголема човечност и љубезност кај луѓето.


Поврзани објави

„Денес додека пазарев во маркет, почувствував нешто што одамна го немам почувствувано: одамна изгубената и заборавена човечност во односот на луѓето.

Парадокс – нормалност во односот во крајно ненормално и ужасно болно време за сите.

Иако стресот им беше видлив на лицата, луѓето ми се видоа поотрезнети, потрпеливи, пољубезни, пообѕирни, покротки и во пазарењето и во чекањето ред, далеку поприсутни.

‘Конечно луѓе, не роботи’ – помислив. Ми се причини како да сум назад во оние срдечни времиња како кога имав 6-7 години.

Ми се сретна погледот со неколкумина, жени, мажи, стари, млади, очи в очи. Со некои и проговоревме збор-два, на земање овошје, на пребирање зеленчук, дур чекавме ред. За разлика од обично, кога сите сме во брзаница или на телефон.

Зрак надеж дека се будиме. Дека може ќе се покаеме. Дека може да се менуваме. Дека може ќе научиме еден со друг да се сакаме. Надеж.“

Можеби овој тежок период навистина ќе нè поттикне да бидеме подобри еден со друг и да не забораваме дека што и да се случува треба да останеме, пред сè, луѓе.