Почетна Убавина и здравјеМаја Вукичевиќ со остра критика! – Убавина и здравје

Маја Вукичевиќ со остра критика! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Блокирајте ги овие портали – оваа тортура, садизам и некрофилија само на таков начин можеме да ја спречиме“

Вчера, повеќе медиуми апелираа до нивните колеги да не се испраќаат камери, фотоапарати и микрофони, со цел снимање на погребниот процес во Кочани и во другите градови.

Иако повеќето наши медиуми го испочитуваа ова, неколку српски портали, сепак, споделија видеа од погребот, а Си-Ен-Ен дури и го пренесуваа во живо, предизвикувајќи го револтот на македонските граѓани.

По овој повод се огласи и нашата позната пејачка Маја Вукичевиќ која одамна се има повлечено од музичката сцена и сега живее во Австралија, но тоа не значи дека не е засегната од ситуацијата во нејзината родна Македонија.


Поврзани објави

На својот фејсбук-профил, таа остро ги искритикува сите оние што објавуваат и гледаат снимки од погребот, нарекувајќи ги садисти и некрофили.

„Имате сериозен проблем ако сакате да известувате/снимате и да гледате снимки од погребот. Господ нека ви е на помош.

И апел до сите мои пријатели, блокирајте ги овие портали, оваа тортура, садизам и некрофилија само на таков начин можеме да ја спречиме. Секој клик ги охрабрува да продолжат да се изживуваат врз сите нас!!!“

Нејзиниот статус веднаш доби голема поддршка од нејзините фејсбук-пријатели, а својот револт го изразија и многу други јавни личности на социјалните мрежи, но за сега ниту еден медиум што има споделено ваква содржина, ги нема отстрането објавите од своите платформи.