Српскиот продуцент и пејач Марко Попов, попознат едноставно како Попов, се огласи по повод трагедијата во Кочани.
Попов ги извести своите следбеници дека новите песни се готови, но дека ќе чекаат подобри времиња.
„Новата музика е подготвена. Времето не е. Чекаме подобри времиња. Дотогаш чувајте се и внимавајте еден на друг. Моето искрено сочувство до семејствата на загинатите во Македонија”, напиша пејачот.
Кој е Попов?
Попов ѝ е многу познат на генерацијата Зет. Неговите хитови често се трендинг на регионалниот и хрватскиот Јутјув, а тој досега соработувал со Нучи, Хени и Војаж. Својата музичка кариера ја започнал на млада возраст, тогаш научил самостојно да продуцира песни.
На почетокот на пандемијата со коронавирусот, порасна популарноста на „Генерација Зед“, па тогаш Попов ја почна со својата пејачка кариера. Некои од неговите песни имаат дури 20 милиони прегледи на Јутјуб.
Тој, исто така, компонирал песни за многу други српски уметници, меѓу кои Стоја, Ѓогани и Теодора Џехверовиќ.