Трогателни пораки
Кочани загуби уште еден живот поврзан со трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. Иле Гоцевски, возач на Брза помош, кој неуморно ги транспортираше повредените во кобната ноќ, утрово почина од срцев удар.
По целиот ден поминат во спасување животи, Гоцевски се вратил дома да се одмори, но никогаш не се разбудил. Неговата ненадејна смрт ја потресе болничката заедница и жителите на Кочани.
Поврзани објави
„Иле беше човек кој никогаш не кажуваше ‘не’. Вчера спасуваше, денес веќе не е со нас…“, пишуваат неговите колеги во потресни пораки на социјалните мрежи.
„Нема зборови што можат да те опишат… Беше повеќе од човек – планина од човек, срце големо колку вселената. Вчера даваше се од себе да спасиш млади животи, а сега и тебе те нема… Почивај во мир голем човеку“, стои во други објави на социјалните мрежи.
Гоцевски беше познат како човек со големо срце, подготвен секогаш да помогне. Неговата посветеност и хуманост ќе останат запаметени како симбол на пожртвуваноста во најтешките моменти.
Фото: принтскрин – Јутјуб – социјални мрежи