Почетна Убавина и здравјеСвештеник ги повика граѓаните во Кочани на смиреност и молитва (ВИДЕО)

Свештеник ги повика граѓаните во Кочани на смиреност и молитва (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Жителите на Кочани протестираа

Кочани денеска беше сцена на протест на разгневени граѓани, кои излегоа на улиците поради трагедијата што го потресе градот, државата, регионот, но и светот. Додека дел од присутните почнаа да го изразуваат својот гнев на насилен начин, ним им се обрати свештеник од Кочани.

Тој ги повика на смиреност и разбирање, апелирајќи до сите да се воздржат од насилни реакции. Во своето обраќање, свештеникот ги повика граѓаните да се помолат во црквата и ги потсети дека жртвите од трагедијата сè уште не се погребани.


Поврзани објави

Ситуацијата во градот останува напната, а јавноста очекува институциите да ги преземат неопходните чекори за расветлување на случајот.

Фото: принтскрин – социјални мрежи