Почетна Убавина и здравје„Да се молиме за сите што се борат за живот вечерва“ – Убавина и здравје

„Да се молиме за сите што се борат за живот вечерва“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Поп-пејачката се огласи на Инстаграм.

Ребека Јанковска-Ристески се огласи на социјалните мрежи по повод трагедијата во Кочани, упатувајќи апел до сите да се молат за повредените во пожарот што на 16 март избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во пожарот загинаа 59 лица, а над 100 лица се повредени, меѓу кои и Владимир Блажев-Панчо, еден од пејачите на популарната група ДНК, која таа вечер настапи во дискотеката.


Поврзани објави

Според изјавата на неговата сестра, Панчо има изгореници на лицето и оштетување на дишните патишта поради вдишување јаглерод моноксид, и беше хоспитализиран во Државна болница во Скопје.

Ребека во објавата  откри дека неговата состојба се влошила и затоа е префрлен во „Систина“.

Редакцијата на „Убавина и здравје“ му посакува побрзо оздравување.

Фото: Prinstcreen Instagram rebekamakedonija