Почетна Убавина и здравјеЕлена Ристеска се прости од покојните колеги со трогателна порака – Убавина и здравје

Елена Ристеска се прости од покојните колеги со трогателна порака – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

„Не можам да престанам да плачам“, напиша Елена

Македонската и регионалната музичка сцена е завиена во тага по трагичната загуба на дел од членовите на групата „ДНК“, кои го загубија животот во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Нивните колеги и пријатели од музичката индустрија со емотивни пораки се збогуваат со нив, изразувајќи ја својата неизмерна болка и тага за нивното прерано заминување.

Една од нив е и пејачката Елена Ристеска која објави емотивна порака на својот инстаграм-профил, простувајќи се од Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, придружен вокал, Филип Стевановски, клавијатурист и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, тапанарот Ѓорѓи Георгиев, фотографот Александар Ефремов, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски-Буцо.


Поврзани објави

„Не можам да престанам да плачам, Андреј ни со тебе така не се договоривме, планиравме нова песна со ДНК..:((( Турнеи две имавме заедно, концерти, дружби… не можам да прифатам и не можам!!!

Филипе, како бре да прифатам дека те нема, може свиревме неколку пати ама многу се почитувавме, златен човек беше… без зборови сум… исто и Александар :(((

Жути веста за тебе ме докрајчи, ме срози, колку концерти беше мој тонец за 22 години, секогаш звук перфектен, кога ќе те видев зад миксета раат бев, знаев дека ќе биде добар концерт, секогаш му викав на Здравко – Жути пушти ми го да озвучува!

Александар Ефремов ми ги сликаше последните концерти во Кочани. :((( Немам зборови, само солзи…

Мартин Буцо, Ѓорги, Сара и сите златни деца, млади и полни со живот… боли и кине душа ова се’… не знам дали некогаш ќе се опоравиме од оваа болка по вас!!! Цела Македонија плаче и тагува! Примете сочувство сите што загубивте блиски!

Брзо опоравување на Ана и Панчо им посакувам!“

Под објавата, сочувство изразија и други наши и регионални музички ѕвезди:

„Ленке, утрнав денес… не можам да се соберам. Многу е тажно ова, многу… и многу боли“, напиша Тијана Дапчевиќ, а својата тага ја искажаа и Јелена Томашевиќ, Милица Павловиќ и многу други.