Почетна Убавина и здравјеПредлози што да читате, гледате, слушате… – Убавина и здравје

Предлози што да читате, гледате, слушате… – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Писателката Симона Јованоска ни откри како го поминува слободното времеВо слободно време Симона Јованоска, авторка на книгата „Денот на црвот“ и добитничка на наградата „Роман на годината“, ужива во добри филмови, фантастични книжевни дела и реалистични ТВ-серии со доза хумор. Погледнете, прочитајте, слушнете!ПОТРАГА ПО НОВА МУЗИКАНајмногу ја користам мобилната апликација Shazam. Не знаеш кога ќе слушнеш нешто добро за подоцна да го простудираш и преслушаш на мира. Од другите апликации, користам Инстаграм и електронско банкарство.ЖИВОТНА ШКОЛА„Момците од Медисон“ (Mad Men) е мојата омилена ТВ-серија на сите времиња, еден вид животна школа. Би сакала еден ден да прогресирам творечки до тоа ниво што ќе можам да напишам нешто такво. Ми се допаѓа како се изградени ликовите во времето во кое се случува дејството – секој од нив е толку реален, ранлив и несовршен. Огромна обожавателка сум и на „Канцеларија“ (The Office) и нивниот врвен хумор, а топло ги препорачувам и „Задгробен живот“ (After Life), „Ловец на умови“ (Mindhunter) и „Флибег“ (Fleabag).ЕЛЕКТРОНСКО УЖИВАЊЕОна што го слушам зависи од моменталното расположение и од тоа колку сум опседната со некој бенд или изведувач/ка. Ако пред десетина години бев опседната со Massive Attack, Portishead и Lamb, сега претпочитам електроника во најнеобични поджанрови. Ги препорачувам Moderat со сите нивни три албуми. Лани ја открив Tanerélle со нејзиниот виртуелен концерт Mama Saturn, а вистинско уживање е и сетот Imaginary Friend на изведувачката Ishome. Поврзани објавиДЕЛА ШТО ТРОГНУВААТНемам толку време за книги колку што би сакала, но секогаш читам нешто, макар по десетина страници. Ме фасцинираат фантазијата и стилот на Виктор Пељевин, а во моментов ја читам неговата збирка раскази „Синиот фенер“. Пред две лета ја прочитав „Морковче“ од Жил Ренар и длабоко ме трогна. Водам сметка да читам и домашни автори и на тој начин да им дадам поддршка на колегите.ВИЗУЕЛНИ РЕМЕК-ДЕЛАГолема вљубеничка сум во седмата уметност, а последно најголем впечаток ми остави „Дина“, во режија на Денис Виленев – визуелна перфекција. Од поскорешните оскаровци, ми се допаѓаат „Фаворитката“ на Јоргос Лантимос, „Три билборда надвор од Ебинг, Мисури“, како и „Нема земја за старци“ од браќата Коен, на кои сум огромна обожавателка. Пред извесно време третпат го гледав „Гранд хотел Будимпешта“ од Вес Андерсон и уживав во секој кадар и во секоја реплика.Подготвила: Марија ЛукаревскаФОТО: ЅВОНКО ПЛАВЕВСКИ, ИНТЕРНЕТ, Passakorn Prothien/iStock via GETTY IMAGESЧек-листа: Дознајте како музичарот Јон Ајди го поминува слободното време!

Leave a Comment