Почетна Убавина и здравјеПанчо на Клиниката за пластична хирургија, за Андреј нема информации

Панчо на Клиниката за пластична хирургија, за Андреј нема информации

од nenad
1 минути читај за



По трагедијата во дискотеката „Пулс“, Владимир Блажев-Панчо се наоѓа на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, додека за неговиот колега Андреј нема информации каде е хоспитализиран.

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК е хоспитализиран на Клиниката за пластична хирургија во Скопје со изгореници на лицето и раката, потврди неговата сестра Јадранка Николовска за „САКАМДАКАЖАМ.МК“. Според неа, тој е вон животна опасност, но е на кислородна поддршка.

За неговиот колега Андреј и останатите членови на бендот засега нема точни информации каде се наоѓаат. Тимот на бендот соопшти дека дел од музичарите се хоспитализирани во Скопје и Штип, а еден е на домашно лекување.


Поврзани објави

Во пожарот што избувна ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени.

Според првичните информации, пожарот настанал поради пиротехнички средства користени за време на настапот на ДНК. Министерството за внатрешни работи најави истрага за одговорност.

Фото: принтскрин социјални мрежи