Кејт Мос се појавила топлес на Модната недела во Париз
Кејт Мос привлекла големо внимание на Модната недела во Париз, каде што се појавила во проѕирна блуза која откривала сè. Градите ѝ биле на мегдан, а интересно е што поранешната манекенка немала ни грам шминка.
Откако наполни 50 години се чини дека стекнала огромна самодоверба и почна да се појавува во јавност без градник. Но порано не сакала да се разголува.
Поврзани објави
Во едно интервју открила дека имала многу трауматично искуство кога на една фотосесија ѝ побарале да го извади градникот, па морала да избега.
„Имав ужасно искуство кога сликав каталог за градници. Имав само 15 години кога фотографот ми кажа: ‘Извади го горниот дел’, и јас го соблеков. Тогаш бев навистина срамежлива во врска со моето тело. Потоа ми кажа: ‘Соблечи го градникот’ и почувствував дека нешто не е во ред, па си ги зедов работите и побегнав. Мислам дека тоа ми ги изостри инстинктите. Можам да забележам дека нешто не е во ред уште од километар“, раскажала Кејт.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм