Новото шоу за животниот стил на Меган Маркл наречено „With Love, Meghan“ неодамна пристигна на Netflix. Иако шоуто има прилично ниска оценка (2,9/10 на IMDb), таа продолжува да го привлекува вниманието на гледачите.
Многумина беа разочарани од фактот што Меган не го снимаше лајфстајл шоуто во својот дом, туку изнајми куќа. Сцените се снимени во кујната и градината на куќа лоцирана во близина на домот на Меган и Хари во Монтесито, Калифорнија.
Зошто не снимаше во нејзиниот дом?
Меган откри дека „With Love, Meghan“ се снимала на друга локација бидејќи сакала да го заштити своето семејство.
„Сакав да го заштитам тоа безбедно засолниште. Ние сме блиско семејство и ги сакаме нашите семејни моменти како одењето на спиење на Лили, заеднички ручек и моменти на крајот од денот. Нашата кујна е местото каде што мама само готви за семејството, а да има екипаж од 80 луѓе во куќата би било премногу”, изјави таа за магазинот „People“.
Хари и Меган го купија својот дом во Калифорнија во 2020 година, откако се преселија во САД од Велика Британија. Приватниот живот во Монтесито се трудат да го држат подалеку од јавноста, па досега споделија само неколку моменти од нивниот дом.
Не е првпат да се снима надвор од својот дом
Ова не е прв пат Меган да изнајми куќа за да снима шоу. Кога таа и нејзиниот сопруг го снимаа документарниот филм Меган и Хари во 2022 година, тие го поставија снимањето на имот од 30 милиони долари недалеку од нивниот дом.
Имотот со шест спални соби моментално е на пазарот, а Сасекси го користеа само накратко додека ги снимаа нивните интервјуа за документарната серија.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/meghan.markle.official/