Почетна Убавина и здравјеДенес има 19 години и шокира со својот изглед – Убавина и здравје

Денес има 19 години и шокира со својот изглед – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Хани Бу Бу денес изгледа неверојатно

Хани Бу Бу се прослави како девојче, кога мајка ѝ ја пријавуваше на избори за убавина. Многумина сметаа дека никогаш нема да може да победи поради вишокот килограми, кои никако не се вклопуваат во стандардите на тие натпревари.

Меѓутоа, токму вишокот килограми и симпатичниот изглед ѝ донесоа голема популарност на девојчето, а потоа мајка ѝ одлучи дека Хани Бу Бу треба да има свое реално шоу. Покрај девојчето, целото негово семејство имаше вишок килограми, а потоа се откри заднината на сето тоа.

Мама Џун заврши на столбот на срамот, откако многумина се согласија дека е несовесна мајка.

Беше откриен тајниот рецепт на Мама Џун со којшто го довела целото семејство до состојба на морбидна гојазност: тестенини потопени со еден куп путер! Покрај овој семеен рецепт, Хани добиваше и специјални сокчиња од мајка ѝ, кои ѝ помагаа да „живне“, а подоцна се откри дека станувало збор за енергетски пијалаци.

Набрзо беше откриено дека Мама Џун се навлекла на дрога, па беше приведена во полиција поради поседување опијати. Оттогаш, не престана да ниже скандали и да го разгневува народот. Нејзините љубовни партнери исто така беа со досиеја, а еден од нив беше Марк МекДаниел, кој сега е осуден за злоупотребување дете.


Поврзани објави

Од пеколно детство до големи цели

И покрај тоа што девојчето било изложено на чудни околности, тоа имало сериозни планови. Денес има 19 години и е на прагот да си ја оствари најголемата желба – да стане медицинска сестра.

„Сакам да бидам најдобра што можам, но сакам и да заработувам пари. Сакам да ги имам сите петки. Затоа, се трудам најмногу што можам на секое поле. Старата Алана нема врска со новата Алана“, рекло девојчето во една пригода.

ФОТО: Јутјуб, Инстаграм