Нивниот облик најдобро му прилега на нејзиното лице, а ги носи со години…
Новак Ѓоковиќ победи во второто коло на Аустралија опен против Португалецот Хаиме Фариа, го чека дуелот со Томаш Махач, а неговата нова победа во живо ја следеа неговиот син Стефан и сопругата Јелена Ѓоковиќ.
Одличен бел фустан, едноставна фризура, светла насмевка и прекрасни очила за сонце! Јелена Ѓоковиќ го носеше својот омилен моден детаљ, мачкестите очила за сонце со кои се појавува со години.
Јелена Ѓоковиќ го искористи тој додаток за да го подобри стајлингот во кој се претстави и во 2023 година во Лондон, каде што го гледаше финалето на Вимблдон.
И тогаш носеше бела облека, косата и беше собрана наназад, со што впечатливите очила уште повеќе дојдоа до израз.
Овој детаљ, кој холивудските диви го избираа пред неколку децении, изгледа неверојатно шик и женствено, спојувајќиги ретро-модата и модерниот стил, а што е најважно, му одговара на обликот на нејзиното лице.
Мачкестите очила за сонце се прекрасен детаљ, но доколку не му одговараат на обликот на вашето лице, може да изгледаат доста непријатно.
Поврзани објави
Дека добро избраните очила се одлична инвестиција и дека можат да разубават неограничен број на модни изданија докажува и фактот што Јелена ги носи постојано.
Секако, важно е со што ќе ги комбинирате, но овој модел секако е ценет, како поради бојата, така и поради елеганцијата што го краси.
Фото: Инстаграм