Регионалната музичка ѕвезда Јелена Карлеуша проговори за врската со Саша Поповиќ, кога откри дека починатиот основач и креативен директор на „Гранд“ и рекол да не доаѓа на погребот на Шабан Шаулиќ.
Јелена Карлеуша тогаш беше мета на медиумски линч, а Саша Поповиќ сметаше дека најдобро за неа е да остане во сопствените четири ѕида, подалеку од бројните фотографи и припадници на седмата сила.
Шабан многу ме сакаше и ме поддржуваше. Сакав да одам со нив од Ѕвездите на Гранд на погребот на Шабан, сакав да бидам дел од колективот. Ми се јави Саша и ми рече дека е подобро да не доаѓам. Не беше вистинскиот момент, таква беше ситуацијата, набргу потоа почина и мајка ми“ – изјави Карлеуша.
Поврзани објави
Да потсетиме, Јелена Карлеуша не беше на комеморацијата на Саша Поповиќ, но се појави на погребот на Новите Бежанијски гробишта на 6-ти март.
Таа потоа им изрази сочувство на Сузана Јовановиќ и ќерката на Саша, по што отиде на гробот на нејзината мајка Дивна Карлеуша, кој се наоѓа на само неколку метри од вечниот дом на Поповиќ.
Фото: printskrin Youtube/ JELENA KARLEUŠA