Почетна Убавина и здравјеНе излегува од дома додека не ги направи овие 4 вежби! – Убавина и здравје

Не излегува од дома додека не ги направи овие 4 вежби! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Како и секоја жена, така и актерката има проблематични делови од телото, а нејзиниот личен тренер открил што ѝ помага на ѕвездата да ја одржи совршената става

Ретко кој останува рамнодушен кога ќе погледне фотографии од Деми Мур. Во своите 60-ти години, таа изгледа неверојатно, а не е тајна дека повеќепати применила пластична хирургија. Сепак, мора да се земе предвид фактот дека Деми вложува големи напори за да ја одржи својата става. Резултатите од нејзините тренинзи ги импресионираат не само нејзините обожаватели, туку и тренерите кои работат со неа. Иако Деми веќе е баба, тоа не ја спречува да изгледа 20 години помладо од нејзините врснички.

Но како и секоја жена, така и Деми има проблематични делови од телото – кај неа тоа се рацете, стомакот и задникот. Нејзиниот личен тренер Грегор Жужон-Рош открил кои вежби ѝ помагаат да ја одржи затегнатата фигура.

Вежби за стомак

За оваа вежба треба да легнете на грб, да ги свиткате колената и да ги поставите стапалата на подот. Потоа, подигнете ги нозете во свиткана положба, така што петите ќе се одвојат од подот и фиксирајте ги колената во таа положба. Полека подигнете ги нозете кон градите. Кога ќе стигнете до најгорната точка, исправете ги нозете и насочете ги петите кон таванот, полека одвојувајќи го телото од подот. Стегнете го и вовлечете го стомакот. Задржете се во оваа позиција еден момент, а потоа, внимателно вратете се во почетната положба.

Потребно е да изведете 4 серии по 20 повторувања. Притоа, треба да почувствувате затегнување на долниот дел од стомакот.


Поврзани објави

Затегнати раце

Најпрво, застанете исправено. Земете по едно тегче во двете раце. Држете ги лактите покрај телото, па свиткајте ги нагоре, така што внатрешната страна на дланките ќе ви биде свртена кон рамениците. Потоа, полека спуштете ги рацете во почетната позиција.

Повторете го ова движење онолку пати колку што можете во една минута. Многу е важно да не брзате и да ги почувствувате сите мускули.

Нозе

Застанете исправено со пар тегови во рацете. Зачекорете со десната нога наназад, така што свитканото колено ќе прејде зад левата нога. Продолжете така со двете нозе наизменично. Изведувајте ја вежбата полека, за да се напрегнат мускулите на нозете. Треба да направите 4 серии по 20 чекори.

Задник

По примерот на Деми Мур, обидете се да го вклучите трчањето во вашиот тренинг – одлично е за тонирање на мускулите во бикини-пределот.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @demimoore