Популарната пејачка уште еднаш покажа дека зад гламурот се крие големо срце, а нејзиниот чин предизвика лавина позитивни коментари.
Популарната српска пејачка и медиумска ѕвезда Јелена Карлеуша повторно покажа дека нејзината емпатија и хуманост не познаваат граници. На гробишта камерите ја уловија во неочекуван момент на добрина и гест што многумина го пофалија.
На снимката, која брзо се прошири на социјалните мрежи, Карлеуша седи покрај постара жена која очигледно била во тешка животна ситуација. Без многу размислување, пејачката од својата чанта извади банкнота од 50 евра и ѝ ја подари на жената, која видно трогната ѝ се заблагодари со солзи во очите.
Јелена Карлеуша е позната не само по својата музичка кариера и контроверзниот имиџ, туку и по своите хуманитарни акции и поддршка за ранливите категории. Ова не е првпат да покаже дека зад гламурозниот изглед се крие човек со големо срце, подготвен да помогне кога е најпотребно.
Поврзани објави
Видеото од оваа сцена предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека ваквите моменти ја покажуваат вистинската страна на познатите личности, далеку од сценските светла и медиумската врева. Карлеуша и овој пат докажа дека хуманоста нема цена, а добриот гест секогаш остава траен впечаток.
Фото: printskrin Youtube/ Republika TV