Фолк-ѕвездата искрено за тешките теми од минатото и границите во разговорите со своите деца
Аца Лукас, еден од најконтроверзните и најискрени музичари на балканската сцена, во едно од своите интервјуа проговори за односот со своите деца и колку од своето бурно минато успеал да им пренесе. Тој истакна дека никогаш не им криел ништо, но постоела една тема за која едноставно не можел да им зборува – дрогата.
Јас сум човек кој со своите деца секогаш бил искрен. Им кажував сè, од убавите до најтешките работи низ кои сум минувал. Но за дрогата… за тоа не можев да им зборувам на тој начин. Како да им кажам ‘не правете го тоа’, а јас сум го направил?“, искрено призна Лукас, кој низ годините јавно зборуваше за својата борба со зависностите.
Пејачот објасни дека се обидел да им укаже на своите деца колку е штетна дрогата и колку погрешни избори може да донесе, но вели дека е свесен дека неговиот личен пример носел тежина што е тешко да се заобиколи.
Поврзани објави
Сепак, Лукас смета дека токму неговите искуства, без разубавување, биле најголемата лекција за нив.
Иако минатото не може да се избрише, Аца Лукас е горд што неговите деца израснале во добри луѓе, кои знаат да направат разлика меѓу исправното и погрешното. Со оваа исповед, тој уште еднаш покажа дека не се плаши да зборува за најтешките моменти од својот живот, ниту да ги сподели со јавноста за да послужат како предупредување за другите.
Фото: printskrin Youtube/ LAZAROV