Почетна Убавина и здравјеВака телото испраќа знаци на предупредување! – Убавина и здравје

Вака телото испраќа знаци на предупредување! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многумина ги игнорираат симптомите на рак на желудникот, а еве како да ги препознаете навреме

Карциномот на желудник спаѓа во групата карциноми што потешко се откриваат, бидејќи не покажува специфични симптоми, а раното откривање е од пресудно значење за излекувањето.

Според медиумите, Саша Поповиќ помалку од една година водел тешка битка со една од најподмолните и најопасните болести – карцином на желудник.

Симптоми

Честа жиговина: Жиговината се појавува кога желудочната киселина стигнува до хранопроводот. Иако различни фактори можат да предизвикаат жиговина, таа генерално е препознатлива по интензивното чувство на печење зад градната коска и горниот дел на градниот кош, а освен на рак на желудник, може да биде симптом на чир на желудник или рефлукс.

Упорна болка во стомакот: Нејасната, но хроничната болка во стомакот може да биде знак на рак на желудник. Ако имате болка која трае неколку дена или влошува во одреден период во текот на денот, најдобро е да одите на лекар.

Други знаци и симптоми на рак на желудникот вклучуваат чувство на ситост по помал оброк, лошо варење, често подригнување, намален апетит и претеран замор. Во подоцните стадиуми, ракот на желудникот има очигледни знаци, кои вклучуваат крв во столицата, јазол на врвот на стомакот, необјасниво губење тежина и жолтица (тоа е знак дека ракот стигнал до црниот дроб).


Поврзани објави

Дијагноза

Доколку лекарот се сомнева на оваа болест, треба да направи рендгенско снимање на желудникот, при што со помош на двоен контраст се прикажува слузокожата на желудникот и евентуалните промени на слузокожата. Најсигурната постапка во дијагностиката е ендоскопскиот метод (гастроскопија), која овозможува директно гледање на сите делови од желудникот и земање парче ткиво за анализа од сомнителните подрачја.

За дијагноза, утврдување на стадиумот на болеста и за следење на терапијата, се користат и компјутеризирана томографија-скенер, ултразвук и некои туморски маркери. Во повеќе од 90 отсто од пациентите со присутна симптоматологија, радиолошкиот преглед на желудникот открива гастрични абнормалности.

Лекување и прогноза

Ракот на желудникот не се појавува еднакво често на сите делови од желудникот. Почесто се развива на излезниот дел од желудникот (антрум) и на долната третина од желудникот, отколку на почетните и горните делови. Од овие обележја зависи изборот на начинот на лекување и прогнозата. Најзначајните фактори за прогнозата се длабочината на инвазијата и присуството или отсуството на метастази.

Единствената надеж за излекување ја дава хируршкото отстранување на туморот, а операцијата вклучува и отстранување на дел или на целиот желудник и на околните лимфни јазли. Други методи на лекување се радиотерапија и хемотерапија. Тие се користат по хируршкиот зафат и при лекување на болеста во доцен стадиум. Доколку има метастази, тие се сметаат за лош знак, без разлика каде се.

ФОТО: julien Tromeur / Unsplash