Почетна Убавина и здравјеСекоја жена би постапила како неа! – Убавина и здравје

Секоја жена би постапила како неа! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Џенифер Лопез си ја отворила душата пред публиката и проговорила за љубовта

Крајот на 2024 година воопшто не беше идеален за познатата латино-дива Џенифер Лопез. Имено, сите светски медиуми пишуваа за нејзиниот развод со актерот Бен Афлек, а ниту еден од нив не ја откри причината за крајот на нивната љубов. Но пејачката не успеала да ги скрие своите емоции на спектакуларниот концерт што го одржала пред два дена во Абу Даби.

По две години брак, таа се развела од Бен Афлек, а разделбата, несомнено, ја сфатиле на многу различен начин. Додека актерот забележливо се расположил, се вселил во својата ергенска вила и почнал да поминува повеќе време со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и децата, првите месеци биле многу тешки за Џеј Ло. Во едно интервју таа искрено признала дека не е во најдобра психичка состојба. Но се чини дека неодамна Џенифер успеала да закрепне, да сврти нова страница во животот и да продолжи понатаму.

Таа собрала храброст на концертот во Абу Даби конечно да проговори искрено за своето љубовно искуство. Во една од паузите, пејачката, едвај задржувајќи ги солзите, ѝ се обратила на публиката:

„Мажите ви даваат љубов, цвеќиња, чоколади, дијаманти, сето свое време. И сè е толку розово и сончево. Но потоа, нешто се случува. Не знам што е тоа. Но престануваат да те тешат и поддржуваат. Можеби почнуваат да ве лажат. Знаете, како да стануваат алчни и во еден момент, се вртат за 180 степени и се претвораат во друга личност. Сум сретнала неколку такви. Во такви моменти, мора да научите да се сакате себеси. Мора да знаете кога е време да си заминете“, порачала Џенифер, а публиката ја поддржала.


Поврзани објави

Но ова не бил единствениот емотивен момент на концертот. За време на уште една пауза по долг аплауз, таа со своите обожаватели споделила дека конечно „се чувствува сингл“.

Овие важни зборови ги изговорила на денот кога официјално се развела од поранешниот сопруг. Иако Лопез и Афлек постигнале спогодба на 6 јануари, им соопштиле дека таа нема да стапи на сила до 21 февруари.

Бен и Џенифер ја обновија својата романса на почетокот од 2021 година, откако ја раскинаа свршувачката пред речиси 20 години. Дотогаш, познатите личности речиси две децении живееја одвоено, но потоа одлучија повторно да се обидат. Нивната приказна даваше надеж дека ако вашиот маж од соништата навистина ви е сродна душа, ќе ви се врати и по многу години. Во 2022 година, тие се венчаа. Но нивната приказна немаше среќен крај. Лопез поднела барање за развод на нивната втора годишнина од бракот, на 20 август 2024 година.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм