Нејзиното појавување на Санремо привлече најголемо внимание и ѝ предвидуваат најголеми шанси за победа, а ова не е првпат да се најде на гламурозната сцена.
Најголемо внимание на публиката на годинешниот Санремо привлече Елоди, пејачката која се натпреваруваше за Евровизија со љубовна песна. Таа има 34 години, а ѝ предвидуваат најголеми шанси за победа и за блескава кариера.
Целосното име на оваа прекрасна убавица е Елоди Ди Патризи, а својата музичка кариера ја почна во 2015 година на популарниот натпревар „Икс Фактор“. Набрзо го издаде својот прв сингл, а една година подоцна и деби-албумот Un’altra vita.
Поврзани објави
Ова не беше нејзино прво појавување на Санремо, бидејќи веќе четири пати беше на оваа сцена. Сепак, годинешниот настап привлече најголемо внимание, а песната што ја изведе е љубовна песна и зборува за тоа како досега ја доживувала љубовта.
Видео и фото: Инстаграм