Пејачот вели дека очекува несогласувања со колегите во жирито, но тоа го гледа како креативен судир и ветува многу изненадувања.
Со почетокот на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, еден од најновите членови на жирито, Драган Којиќ Кеба, сподели како гледа на својата улога. Пејачот не крие дека е пресреќен што е дел од еден од најпознатите музички формати во регионот.
Ова е нова авантура во мојот живот. Доаѓам без маски, само со музика. Тоа е мојата порака за стартот“, изјави Кеба.
Тој истакна дека добро ги познава своите колеги во жирито и дека сите имаат различни квалитети и искуство.
Секогаш сум за тимска работа. Нашата мисија е да ги насочиме младите таленти кон вистинскиот пат. Јас го гледам тоа како заедничка задача“, рече пејачот.
Сепак, тој додаде дека е убеден оти ќе има несогласувања во мислењата и оценките, но тоа според него не е проблем.
Поврзани објави
Мислам дека ќе дојде до судири на мислења, но тоа го гледам како креативен судир. Секогаш сум подготвен да се извинам ако згрешам. Кај мене ќе има повеќе простор за простување“, изјави Кеба, оставајќи впечаток на човек кој е подготвен на компромиси.
Со тоа уште повеќе ја подгреа љубопитноста на публиката за новата сезона. Интересно е што пејачот беше запрашан и за крстот кој го носи, на што одговори со голема почит.
Ова е работа од Хиландар, многу ми е драг овој крст, го добив на подарок. За мене тоа е лична работа и нешто за што не сакам многу да зборувам“, заврши Драган Којиќ Кеба.
Со оваа искреност и отвореност, тој веќе го најави својот автентичен стил во шоуто.
printskrin Youtube – keba