Брукс Надер се појави на премиерата на третата сезона на серијата „Белиот лотос“ во Лос Анџелес и уште еднаш покажа дека нејзината смелост нема граници.
Провокативната Брукс Надер (28) е една од најжешките и најхрабрите жени која често е предмет на медиумското внимание, како поради модните изданија, така и поради врската со рускиот убавец Глеб Шевченко.
Сега се појавија заедно на споменатата премиера и повторно сите погледи беа вперени во нив.
Поврзани објави
Брукс избра елегантен долг бел фустан со истакнато деколте, под кој не носеше градник, па јасно беше во која насока гледаат сите. Својот беспрекорен аутфит го надополни со впечатлив накит и високи сандали во боја на шампањ.
Згодниот Русин блескаше покрај неа во црна ролка и фармерки, а судејќи по нивната насмевка, овој пар блеска од среќа.