Никол Шерцингер објави атрактивно видео во бикини, а многумина останаа без зборови кога ја видоа пејачката без филтер на Инстаграм.
Никол Шерцингер веќе извесно време ужива на Хаваите каде што во бикини ги поминува слободните денови на плажа.
Пејачката документирала и објавила парче од овој рај на земјата на Инстаграм, а покрај сета убавина на Хаваите, нејзиното тело сепак е во преден план.
Таа гордо танцува во бикини, покажувајќи ги својата завидна фигура и стомачните мускули во петата деценија од животот.
Поврзани објави
Многу припаднички на понежниот пол се загрижија од видеото на пејачката, која не користи филтри на Инстаграм или апликации за разубавување за да создаде лажна слика за својот физички изглед.
Видео: Инстаграм