Секоја девојка и жена очекува внимание од партнерот на овој ден. Но дали и жените треба да внимаваат на овој празник?
14-ти февруари е денот кога во светот владее црвената и розова боја, продавниците се полнат со чоколади во облик на срце, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од љубовни гестови. Но, зад сета таа романтична еуфорија, се поставува едно едноставно прашање: Дали денот на вљубените носи еднакви очекувања за двата партнера?
Традиционално гледано, секогаш се очекува од мажот да внимава на гестови. Но во денешно време правилата за љубов се менуваат и очекувањата се двонасочни. Секоја среќна и заљубена жена е поттикната да го израдува својот партнер.
Подарокот не мора да биде скап. Може да биде нешто симболично, нешто што ќе му покаже дека го познавате. Сепак главната цел на овој празник е да поминете квалитетно време заедно, да го одбележите денот и да најдете причина да си подарите внимание.
Поврзани објави
Сепак љубовта значи и да се дава, не само да се очекува. Постојаното очекување дека мажот треба да купи подарок, да организира изненадување или да направи романтичен гест создава нерамнотежа која всушност е спротивна на идејата за љубовна врска. Во здрава и функционална врска, двата партнера вложуваат труд за да го направат другиот среќен.
На крајот на денот, подарувањето не треба да биде обврска, туку природен израз на љубов и внимание. Затоа, доколку вашите чувства се искрени подарете и вие внимание, убав збор, гест или подарок на вашата сакана личност.
Фото: Pexels.com