Почетна МакедонијаБројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 50.000 – Само во Турција над 44.000 жртви

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 50.000 – Само во Турција над 44.000 жртви

од nenad
1 минути читај за

Бројката на загинати во земјотресот во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија на 6 февруари веќе надмина 50.000, покажуваат најновите податоци од двете земји, јавува ДПА.

Земјотресот само во Турција одзеде 44.218 животи,  пренесе државната агенција Анадолија, повикувајќи се на Агенцијата за природни катастрофи – АФАД.

Во соседна Сирија,пак, досега се пријавени 5.900 смртни случаи.

Од разурнувачкиот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што беше на 6 февруари, досега се регистрирани повеќе од 9.000 последователни или вторични потреси, јави турската државна телевизија ТРТ, повикувајќи се на АФАД.

Од областа на катастрофата се евакуирани речиси 530.000 лица. 

Инспирирано од: infomax.mk