Мој народе и тоа се случи верувале или не! На фотографијата се новите убави ретро канделабри наменети за старата чаршија на кои гордо стои Грбот на Струмица, кој ја презентира струмичката традиција, култура безвременска оставштина. Инвестицијата е наша општинска односно со пари на граѓаните. Пред некој ден до мене стигна еден безобразен допис и известување од страна на музејот односно директорот кој замислете грбот на Струмица го третира како рекламна табла и од таа причина да треба да ги одстраниме канделабрите
Ова мора да престане, повикувам на разум кај директорот или барем некој да го седне и да го упати на повредите кои се обидува да ги направи на струмичката убавина. Ова за мене е само причина плус да продолжам да се борам и да ја правам Струмица уште поубаво место за живеење. Стоп за арогантен однос, СТОП за изживување на Струмица. – Костадин Костадинов – Градоначалник на Струмица.