Славната Опра Винфри го слави својот 71 роденден, овојпат целосно трансформирана откако успеа да ослаби дури 50 килограми.
Познатата телевизиска водителка Опра Винфри го слави својот 71 роденден. Со текот на годините, таа се промени на многу начини, беше домаќинка на некои од најголемите светски ѕвезди и направи вистински бум со интервјуто со Хари и Меган Маркл.
Познатата Опра често била исмејувана поради својот изглед, а и самата отворено зборуваше за процесот на слабеење при кој ослабела дури 50 килограми.
Таа во својот подкаст откри каква била нејзината борба со килограмите, а раскажа и за лекот за слабеење што го користела.
Поврзани објави
Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја. Јадат подобра храна, полесно се придржуват до неа, никогаш не јадат чипс… Сфатив дека воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, изјави Опра.
Интересно е и тоа што водителката претходно негираше дека земала лекови за дијабетес за да ослаби, но подоцна призна дека ги користела кога првпат ослабела 20 килограми.
Фото: Instagram @oprah