Почетна ТехнологијаДРАМА ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА ОДИ ВО ПОЛУФИНАЛЕ Се исплатеше упорноста на Шипиќ

ДРАМА ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА ОДИ ВО ПОЛУФИНАЛЕ Се исплатеше упорноста на Шипиќ

од nenad
1 минути читај за




Репрезентацијата на Хрватска избори полуфинале на Светското ракометно првенство, откако вечерва во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30. Голот на Шипиќ во последната секунда им даде причина за славје на Хрватите. Унгарците не успеаја да се радуваат на крајот и покрај водството со четири голови (29:25) на пет минути пред крајот.

Главаш со шест и Шипиќ со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот состав. Кај Унгарците, воедно и на натпреварот најефикасен беше Илиќ осум гола. Хрватска по седми пат се пласира помеѓу четирите најдобри репрезентациите на светот. Во второто четвртфинале вечерва од 21 часот се среќаваат Франција и Египет.