14
„Постои сомневање дека четири лица синоќа во Нови Сад физички нападнале две млади момчиња и три девојки, при што, во таа прилика, едно девојче е тешко повредено, а едно младо момче полесно. На сите четворица им е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред основниот јавен обвинител во Нови Сад. Во нападот се повредени двајца студенти, од кои студентот на Филозофскиот факултет е пуштен на домашно лекување. Со тешки телесни повреди во Ургентниот центар била примена студентката А.В.(23) која е во болница на опсервација“, пренесува Н1. Извор: Новинска агенција МЕТА