Ќерките имаат посебно место во срцето на своите татковци, а нивната врска е една од најсилните и највлијателните односи во животот на една жена. Но, што ја прави оваа врска толку длабока и посебна?
Таткото често е првиот пример за тоа што значи да се биде сакан и заштитен. Начинот на кој таткото се однесува со својата ќерка може да ја формира нејзината самодоверба, очекувањата од другите луѓе и, подоцна, нејзиниот пристап кон љубовта и животот.
Еве зошто овој однос толку влијае во развојот на жените:
1. Тој е првиот човек во нашите животи
Tаткото е првиот човек што го гледаме во нашите животи. Што прави, како го прави тоа, неговото однесување кон нас, неговиот однос кон мама. Го обожаваме за сѐ што прави и почнуваме да сонуваме да се омажиме за типот, кој ќе биде барем половина од него.
2. Додека мајките сакаат, татковците заштитуваат
Нашите мајки нè сакаат исто толку безусловно како и нашите татковци. Сепак, заштитниот инстинкт што нивните татковци го имаат за нивните принцези е само нешто што никој не може да го повтори.
Поврзани објави
3. Нашите татковци нè учат да бидеме силни и слаби во исто време
Ако има една најважна животна лекција што ја земаме од нашите татковци, тоа е дека не мораме секогаш да бидеме силни. Понекогаш е во ред да се биде слаб и емотивен. Но, нè учат и да станеме и да продолжиме понатаму. Тие, исто така, градат волја во нас никогаш да не толерираме нешто што сметаме дека не е правилно.
4. Даваат пример за нашите идни врски, и романтични и неромантични
Начинот на кој тие се однесуваат со нас ни дава пример за нашите идни дечковци/сопрузи. Ние одбиваме да се задоволиме со нешто помалку од високите стандарди што нашите татковци ги поставиле во нашите животи.
5. Татковците помагаат кога мајките се лути
Кога мајката е фрустрирана или лута, татковците често играат клучна улога во смирувањето на ситуацијата и враќањето на балансот. Знаат и да застанат на наша страна и да нè одбранат.
Фото: Pexels.com