Пробајте манестра ЕВАНА по рецепт на Наталија Деспотовски
За овој вкусен спој на зеленчук и тестенини ќе ви требаат дваесетина минути, само еден сад и, секако, добар апетит! Манестра е познат медитерански специјалитет, а оваа по рецепт на Наталија Деспотовски (@natalicooking) несомнено ќе ве освои на прво залаче.
Состојки:
- 150 г манестра
- 100 г шери доматчиња
- 1/2 главица кромид
- 50 г тенки мини-колбавчиња
- 50 г чили доматен сос
Поврзани објави
Приготвување:
1. На тава со маслиново масло се пропржува кромидот заедно со ситно исечканите шери доматчиња. Штом омекнат, се додаваат колбавчињата и се пржат уште 2 минути.
2. Потоа, се додава манестрата, кратко се пропржува за да добие златна боја и се додава 450 мл вода. Се зачинува со 1/4 лажиче сол, малку оригано и буковец.
3. На крај се додава доматниот сос, добро се промешува, се покрива со капак и се крчка 20-25 минути на тивок оган. Повремено промешувајте. Кога ќе биде готово, ви преостанува само да уживате во секој залак со голтка бело вино. Добар апетит!
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА