Table of Contents
Животот со „најголемиот пенис на светот“ носи повеќе предизвици од погодности
Иако многу мажи веруваат дека поседувањето што поголем полов орган носи неограничени предности, реалноста е далеку покомплексна и непријатна. Мет Бар, кој ја носи несекојдневната титула „човекот со најголем пенис на светот“, со импресивни мерки од 36,6 сантиметри во должина и 21,6 сантиметри во обем, отворено зборува за предизвиците со кои се соочува поради оваа физичка карактеристика.
Неговата специфичност му го има обликувано секој аспект од животот – од односите со луѓето до секојдневните навики.
Предизвици во интимниот живот
Иако многумина би помислиле дека ваквата карактеристика автоматски го подобрува сексуалниот живот, Бар открил дека во реалноста важи спротивното. На пример, неговата величина ѝ предизвикала потрес на мозокот на партнерката за време на односот – случка што укажува на тоа колку проблематична може да биде оваа ситуација, па дури и опасна.
И покрај овие предизвици, Бар е категоричен: никогаш не би се согласил на хируршко намалување. Сепак, открил дека честопати се чувствува како да мора да го приспособува својот живот, за да ги одбегне непријатностите што ги предизвикува неговата физичка карактеристика.
Секојдневни предизвици: Облека и активности
Поврзани објави
Секојдневниот живот на Бар воопшто не е едноставен. Пронаоѓањето соодветна облека му претставува сериозен предизвик. Популарните модели, како тесните фармерки, не се опција за него.
„Морам да ја сокријам испакнатината, а тоа воопшто не е лесно“, објаснил Бар во разговор со доктор Рене Малик во серијата на нејзиниот јутјуб-канал со наслов „Дали поголемото навистина е подобро?“
За да не привлекува несакано внимание, честопати се облекува слоевито, одбирајќи облека со широк крој и подолги маици. Исто така, при физичките активности носи два пара гаќи за да ја намали видливоста на испакнатината. И покрај тие адаптации, истакнал дека тешко му е да пронајде баланс помеѓу удобноста и функционалноста.
Психолошки притисок и општествени предрасуди
Величината на Бар не е само физички предизвик, туку и ментален товар. Како што открил, луѓето честопати имаат нереални очекувања или се однесуваат непријатно поради неговата специфичност. Чувствува притисок постојано да се приспособува и докажува, дури и кога тоа не е потребно.
Покрај сето тоа, општествените предрасуди дополнително ја комплицираат неговата положба. Идејата дека „поголемо е подобро“ не е секогаш точна, а неговиот случај покажува дека екстремностите честопати предизвикуваат низа проблеми, кои ретко се земаат предвид.
И покрај сите предизвици, Мет Бар е горд на својата посебност и се фокусира на тоа да се приспособува во секојдневните ситуации.
ФОТО: Јутјуб, Инстаграм @themorningrumble