Лава колачот е толку совршен што ретко кој може да му одолее
Колачот што настанал во 1980-тите бил предмет на расправа помеѓу готвачите, бидејќи повеќе од нив тврделе дека го измислиле.
Францускиот готвач Мишел Брас рекол дека го измислил овој колач во 1981 година, по две години експериментирање. Францускиот готвач и чоколатиер Жак Тор потврдил дека постоел таков десерт во Франција за време на 1980-тите.
Од друга страна, францускиот готвач Жан-Жорж Вонжеритен тврдел дека го измислил јадењето во Њујорк во 1987 година. Едноставно, тој порано го извадил чоколадниот пандишпан од рерна и добил лава-колач! Тој добил отказ, а светот добил совршен десерт. Нему му се припишува и популаризацијата на овој колач во Америка, каде што овој колач станал задолжителен дел од менијата во рестораните за време на 1990-тите.
Двата рецепта не се слични, иако резултатот е сличен. Рецептот на Брас се прави од два дела: замрзнато јадро, покриено со тесто од ориз и печено во калап.
Рецептот на Вонжеритен е поедноставен и се користи и денес. Станува збор за смеса за чоколаден колач од обично брашно, кратко печена во многу врела рерна. Во продолжение ви го пренесуваме рецептот…
Состојки:
Поврзани објави
- 100 г путер, плус дополнително за премачкување
- 100 г темно чоколадо, сечкано
- 150 г светол кафен шеќер
- 3 големи јајца
- ½ лажиче екстракт од ванила
- 50 г обично брашно
- слатка павлака, за послужување
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
Добро намрсете 6 калапа за суфле. Ставете 100 г путер и 100 г сечкано темно чоколадо во огноотпорен сад. Поставете го над лонец со врела вода или ставете го во микробранова и топете го на интервали од 30 секунди на ниска температура. Мешајте додека добиете хомогена смеса.
Оставете го да се олади малку, околу 15 минути. Потоа, додајте 150 г светол кафен шеќер и матете со миксер. Потоа, додавајте 3 големи јајца едно по едно, па ½ лажиче екстракт од ванила и на крајот, 50 г обично брашно. Поделете ја смесата во калапите за суфле. Потоа, можете да ја ставите смесата во фрижидер или замрзнувач додека решите да ја испечете.
Може да се пече 16 минути директно од замрзнувач или печете ја веднаш 10-12 минути додека врвовите станат цврсти на допир, но средината треба да остане мека. Внимателно поминете со нож околу рабовите на секое суфле, потоа извадете ги на чинии и послужете ги со слатка павлака.
ФОТО: American Heritage Chocolate / Unsplash