Македонската политика е како фудбалот во светски рамки, Бразил и Аргентина дриблаат ама шампиони речиси секогаш се Германците и Италијанците…
СДСМ дрибла дрибла и дома и во регионот и во светот и на крај пак ВМРО тепа на избори и така е веќе 30 години во мак политиката…
СДСМ спаси војна во 1991-ва со паметна дипломатија, единствени се отцепивме од Југославија без војна и без крв до колена, ВМРО ДПМНЕ победи на првите избори?!?!?!
СДСМ некако направи промена од комунизам во капитализам, мирно поминаа 90-тите, таман дојде време да поминеме во економски прогрес, дојде ВМРО ДПМНЕ на власт и почна војна во земјата?!?!
СДСМ потоа пак некако ја оправи државата направи рамковен врати мир среди државата и таман кога пак требаше да идеме кон прогрес, пак ВМРО ДПМНЕ победи?!?!
Ајде пак некако по цела декада лудување мафија диктатура и лом невиден од Груевски и бандата, СДСМ ја внесе земјата во НАТО пред вратата на ЕУ и ете ти ги пак ВМРО ДПМНЕ победуваат на локални и се пред враќање на власт?!!?!
АМАН БЕ ЛУЃЕ?!?!