– Лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара изјави дека Дамаск нема да дозволи која било терористичка група да го загрозува сирискиот територијален интегритет и национална безбедност на Турција.
Тој додаде дека ќе побара поддршка од Турција во борбата против Исламска држава и другите терористи активни во Сирија. – ИД ги отфрла сите предложени решенија.
Испративме отворено писмо до земјите и групите кои ги поддржуваат Единиците за народна одбрана/Курдската работничка партија (ЈПГ/ПКК).
Очекуваме помош од сите народи во борбата против тероризмот, посочи ал Шара. Тој додаде дека сè уште постои ризикот од поделба на Сирија ако терористичката ЈПГ/ПКК не го положи оружјето.
– Сакаме да ги истражиме сите дипломатски патишта и да оставиме време за мирно решение. За нас црвена линија е територијалниот интегритет на Сирија, посочи ал Шара.
Тој истакна дека сириската власт изразила отвореност за разговори со терористичката група за да се спречи крвопролевање.
– Нашата цел е да ги решиме прашањата помеѓу арапските и курдските племиња источно од Еуфрат во соработка со Анкара. Турција внимателно го следи оваа прашање и не поддржува.
Сирија е подготвена на сите облици на соработка како би ја осигурила безбедност на турската граница, наведе ал Шара. ми/фото: ЕПА .
Извор: МИА