Почетна Убавина и здравјеНе сте пробале повкусен рецепт за зелена салата со калинка и сино сирење! – Убавина и здравје

Не сте пробале повкусен рецепт за зелена салата со калинка и сино сирење! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Вкусна салата по рецепт на Ана Крстаноска

Доколку сакате да експериментирате со вкусовите, мора да го пробате овој рецепт! Станува збор за свежа, здрава и вкусна колоритна салата, која изобилува со интензивен слатко-кисел вкус и е одличен избор за вечера во овој период од годината. „Посебен шмек дава калинката со својата крцкавост, која совршено се вклопува со преостанатите состојки и гарантира вистинско гастрономско уживање“, вели Ана Крстаноска, авторката на овој рецепт, која на Инстаграм можете да ја најдете како @ana_kitchen_corner.

Состојки:

За салатата:

  • рукола
  • сино сирење
  • ореви
  • калинка
  • парчиња мандарина (или портокал)
  • калинка
  • тенки ленти виолетов кромид

За преливот:


Поврзани објави

  • 50 мл сок од калинка
  • 1 лажица сок од портокал
  • 1 лажица вински оцет
  • 2 лажици сенф
  • 6 лажици маслиново масло
  • сол и бибер по вкус
Приготвување:

1. Во поголем сад измешајте ги сите состојки за салатата.

2. Во друг помал сад ставете ги состојките за преливот и добро промешајте.

3. Сипете го преливот врз салатата и промешајте. Уживајте во богатите вкусови!

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА